• среда, 25 декември 2024

Аунг осудена на уште три години затвор

Аунг осудена на уште три години затвор
Јангон, 29 септември 2022 (МИА) - Судот на Мјанмар денеска ја осуди поранешната премиерка Аунг Сан Су Чи на уште три години затвор поради кршење на Законот за службени тајни. На три години затвор е осуден и нејзиниот поранешен советник Шон Тарнел. Во февруари 2021 година 76-годишната Аунг, добитничка на Нобелова награда за мир, беше соборена со државен удар. Таа во август беше осудена на шест години затвор поради корупција, а претходно беше осудена на 11 години затвор. Во државниот удар на 1 февруари 2021 година мјанмарските безбедносни сили убија повеќе од 160 демонстранти, а уапсија околу 13.000 луѓе. ми/
 

Остани поврзан