• среда, 02 октомври 2024

Атлетико ќе им забрани на навивачите да го кријат лицето на натпреварите

Атлетико ќе им забрани на навивачите да го кријат лицето на натпреварите

Мадрид, 1 октомври 2024 (МИА) – Управата на Атлетико Мадрид ќе ги ажурира клупските прописи за присуство на навивачи на домашни натпревари. Поточно, на навивачите ќе им биде забрането да носат облека што им го затскрива лицето.

- Навивачите кои ќе го прекршат ова правило ќе бидат отстранети од стадионот. Атлетико, исто така, трајно ќе го укине членството во клубот на лице кое полицијата, заедно со нашето одделение за безбедност, ќе го идентификува како фрла предмети на теренот, објавија од прес-службата на клубот.

На мадридскиот клуб му претстои делумно затворање на трибините на два или три натпревари поради инцидентот на дербито со Реал Мадрид одиграно во неделата.

Мечот од 8. коло на Ла Лига против Реал Мадрид (1:1) беше во десетминутен прекин во 70. минута поради однесувањето на навивачите кои почнаа да фрлаат тврди предмети кон гостинскиот голман Тибо Куртоа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан