• среда, 21 август 2024

Атлетико и Челси се договорија за трансфер на Феликс

Атлетико и Челси се договорија за трансфер на Феликс

Мадрид, 19 август 2024 (МИА) - Челси и Атлетико Мадрид се договориле за трансферот на напаѓачот Жоао Феликс, пренесе новинарот Фабрицио Романо.

Тимот од Лондон ќе потпише договор со играчот до летото 2030 година, а договорот вклучува и опција за продолжување. Дваесет и четири годишниот Португалец ќе ги помине медицинските прегледи во следните 24 до 48 часа.

Феликс претходно играше за Челси - во сезоната 2022/23. На 20 натпревари постигна 4 гола.

Минатата сезона напаѓачот беше во Барселона на позајмица. Португалецот на 54 натпревари во сите натпреварувања постигна 13 голови и 7 асистенции.

Договорот на напаѓачот со Атлетико е до летото 2029 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан