Атлетико започна преговори со Алварез
- Атлетико Мадрид започна преговори со Хулијан Алварез. Напаѓачот е незадоволен од својот статус во Манчестер Сити и сака да си замине.

Мадрид, 2 август 2024 (МИА) - Атлетико Мадрид започна преговори со Хулијан Алварез. Напаѓачот е незадоволен од својот статус во Манчестер Сити и сака да си замине.
„Јорганџиите“ имаа неколку средби со претставниците на играчот, но се уште не преговарале со „граѓаните“.
Диего Симеоне е многу заинтересиран да потпише со својот сонародник. Тој сака да донесе напаѓач откако Алваро Мората беше продаден на Милан.
Атлетико подготвил 5-годишен договор за Алварез. дс
Фото: Архива