• понеделник, 23 декември 2024

Атлетико го позајми Саул на Севиља

Атлетико го позајми Саул на Севиља


Севиља, 16 јули 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља официјално објави дека следната сезона 29-годишниот играч за врска Саул Нигез ќе го носи клупскиот дрес како позајмен од Атлетико Мадрид.
Од почетокот на професионалната кариера Саул е член на Атлетико, но ова нема да биде негов прв позајмен период. Во 2013 и 2014 година беше член на Рајо Ваљекано, додека во 2021 и 2022 година настапуваше за Челзи. Следната сезона речиси сигурно ќе биде важна алка во составот на Севиља.
Саул во кариерата одигра 295 првенствени настапи и постигна 30 гола за Атлетико. За шпанската репрезентација одигра 19 натпревари. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан