• вторник, 19 ноември 2024

Атанасов: Газпром не е обична компанија, туку алатка на Путин за финансирање на неговата војна во Украина

Атанасов: Газпром не е обична компанија, туку алатка на Путин за финансирање на неговата војна во Украина
Софија, 22 август 2022 (МИА) - Копретседателот на „Демократска Бугарија“ и поранешен заменик-претседател на 47. Народно собрание Атанас Атанасов за БНТ вели дека „Газпром“ не е обична трговска компанија, „туку алатка на рускиот претседател Владимир Путин за финансирање на неговата војна во Украина“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во идното Народно Собрание на Бугарија, неговата партија ќе предложи формирање анкетна комисија на тема гас, нафта и цени.
Според него, неопходно е да се спроведе детална истрага за да се види дали има некои вмешани во корупциска шема во енергетскиот сектор на Бугарија. Тој ја обвини преодната влада на Бугарија дека завршила повторно со преговарање со руската компанија „Газпром“ и праша зошто не го спроведе договорот за седумте бродови со течен гас од американската компанија „Шејн“.
Атанасов рече дека верува оти грчкиот премиер Мицотакис го проширил капацитетот на Ревитуза. Тој праша зошто главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев и специјалната правда не спроведоа истрага за корупција против 1,5 милијарди евра за кои е изграден гасоводот „Балкански поток“, „со кој се снабдуваат со гас пријателите на Путин во Србија и Унгарија“. Тој смета дека ова е студија на случај што треба да се искористи за да се провери дали немало национално предавство кон Бугарија и нејзините интереси од страна на владата на Бојко Борисов. нк/

Остани поврзан