• понеделник, 23 декември 2024

Аталанта бара замена за повредениот Скамака

Аталанта бара замена за повредениот Скамака


Бергамо, 6 август 2024 (МИА) – Освојувачот на Лига Европа, Аталанта, почна да бара нов напаѓач, откако клупските лекари потврдија вчера дека клубот од Бергамо најмалку шест месеци ќе биде без повредениот Џанлука Скамака.
Италијанскиот репрезентативец ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено во неделниот пријателски натпревар меѓу Аталанта и Парма.
Според италијанските медиуми, најблиску до трансфер во Аталанта се поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал и Џовани Симеоне од Наполи.
Марсијал, кој во моментов е слободен играч откако му истече договорот со „црвените ѓаволи“, има опции за продолжување на кариерата и во САД, Саудиска Арабија или Франција. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан