• сабота, 06 декември 2025

Асфалтирање на ул. „119“ во Јака, Општина Илинден

Асфалтирање на ул. „119“ во Јака, Општина Илинден

Скопје, 19 мај 2025

 

Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, деновиве беше извршено комплетно асфалтирање на улица „119“ во населба Јака, во вкупна должина од 550 метри, тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со пратеници, советници, директори направија увид на асфалтираната улица и истакна дека

Општина Илинден е во сериозна градежна офанзива каде се работи на повеќе проекти, а изградбата на улица „119“ е од големо значење за жителите од овој дел на општината. Тој додаде дека локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на патната инфраструктура во сите населени места со цел подобрување и обезбедување поквалитетни услови за живеење на сите жители.

Дополнително градоначалникот додаде дека изградбата на улица „119“ е дел од проектите кои ги финансира Владата, а со проектите е опфатена изградба на нов плочаст мост и сервисна улица 500, како и изградба на фекална канализавија, крак К4 во Кадино и реконструкција на локалниот пат Бујковци-Мршевци. Средствата за реализација на овие проекти се 70% од Владата на РМ, а 30% од Буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден и во наредниот период останува посветена на реализација на проектите кои се во фаза на реализација но и отпочнување на нови проекти со цел квалитетни и современи услови за живот на сите граѓани.

 

Општина Илинден - Одделение за поддршка на Градоначалникот

Фото: Општина Илинден 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан