• среда, 27 ноември 2024

Асфалтирање на дел од улица во должина од двесте метри во мултифункционалната зона Ќојлија

Асфалтирање на дел од улица во должина од двесте метри во мултифункционалната зона Ќојлија
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) - Во мултифункционалната зона Ќојлија се асфалтираше дел од улицата каде индустриските објекти се целосно завршени и се во функција. Улицата која се асфалтира е во должина од 200 метри, а покрај неа е изработена и пешачка патека која е поплочена со павер елементи, соопшти Општина Петровец. Градоначалникот на Петровец, Борче Митевски ја посети мултифункционалната зона Ќојлија за да се запознае со текот на активностите поврзани со асфалтирањето на дел од улицата. Финансиските средства за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Асфалтирањето и на преостанатите улици во зоната ќе продолжи во периодот кој следи, таму каде индустриските објекти се ставени во функција, информираат од општината. рп/дма/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан