• среда, 21 август 2024

Асфалтирана улица „5“ во Стопански комплекс Илинден

Асфалтирана улица „5“ во Стопански комплекс Илинден

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува да работи со интензивно темпо, пришто извршено е асфалтирање на улица „5“ во Стопански комплекс Илинден. Во рамки на градежните работи извршена е изградба и  асфалтирање на улицата во должина од околу 110 метри, информираат денеска од Општината.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски извршил увид во работните активности на терен и истакнал дека изградбата на оваа улица е од големо значење за секојдневното функционирање на локалните компании кои гравитираат во тој дел на економската зона.

Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден. 

Општина Илинден, најавуваат оттаму, и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење. сст/са/

фото Општина Илинден

 

 

  

Остани поврзан