• среда, 27 ноември 2024

Астра Зенека тројно ја зголеми продажбата на вакцини против Ковид-19 во вториот квартл

Астра Зенека тројно ја зголеми продажбата на вакцини против Ковид-19 во вториот квартл
Стокхолм, 29 јули 2021 (МИА) - Продажбата на вакцини од страна на фармацевтската компанија Астра Зенека трипати е зголемена, на 894 милиони долари во вториот квартал во однос на претходното тримесечје. Шведско-британската фармацевтска компанија сега очекува нејзиниот вкупен приход да се зголеми од 20 на 25 проценти оваа година, а основната заработка од 5,05 долари по акција на 5,40 долари. Прогнозите не вклучуваат продажба на вакцини. Вкупните приходи пораснаа за 25 проценти, на 8,22 милијарди долари во вториот квартал. Компанијата, која наведе дека нема да заработи на вакцини за време на пандемијата, ги обнови своите финансиски насоки, вклучувајќи го и неодамнешното затворање на договорот за купување на Алексион, компанија што произведува ретки лекови. ми/

Остани поврзан