• понеделник, 23 декември 2024

АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ТТС

АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ТТС

Лондон, 30 април 2024 (МИА) – Фармацевтската компанија АстраЗенека првпат во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид во ретки случаи може да предизвика несакани ефекти, вклучително и згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.

- Причината за синдромот е непозната. Синдромот на тромбоцитопенија (ТТС) може да се појави и без вакцината на АстраЗенека или која било друга вакцина. Каузалноста ќе треба да се докаже професионално, се наведува во соопштението Фармацевтската компанија.

Во Велика Британија е покрената колективна тужба против АстраЗенека, во која се тврди дека употребата на нивната вакцина „КовиШилд“ (CoviShield) довела до смрт и сериозни повреди и се бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви. Еден од тужителките тврдела дека вакцината и предизвикала трајно оштетување на мозокот и дека згрутчувањето ја оставило неспособна за работа.

„КовиШилд“ е развиена од британско-шведската компанија АстраЗенека во соработка со Универзитетот во Оксфорд и Велика Британија, а ја произведуваше индиската компанија Серум институт од Индија, еден од најголемите производители на лекови во светот.

Вакцината се користеше во повеќе од 150 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Индија.

Некои истражувања спроведени за време на пандемијата покажаа дека вакцината е 60 до 80 проценти ефикасна во заштитата од Ковид-19. Сепак, истражувањето покажа дека вакцината „КовиШилд“може да предизвика згрутчување на крвта кај некои луѓе, што може да биде опасно по живот.

Светската здравствена организација (СЗЗО) потврди дека „КовиШилд“ може да предизвика несакани ефекти опасни по живот.

- По имунизацијата со таа вакцина пријавен е многу редок несакан ефект наречен Тромботски тромбоцитопениски синдром, кој вклучува ненадејни и сериозни случаи на згрутчување на крвта поврзани со низок број на тромбоцити. Во земјите каде САРС-КоВ-2сè уште се пренесува, придобивките од вакцинацијата во заштитата од Ковид-19 ги надминуваат ризиците, се наведува во соопштението на СЗО. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан