Астон Вила потпишa со трикратен шампион во Лигата на шампионите
- Астон Вила го објави потписот на Марко Асенсио од Пари Сен Жермен. Тој пристигнува на позајмица до крајот на сезоната.

Бирмингем, 3 февруари 2025 (МИА) - Астон Вила го објави потписот на Марко Асенсио од Пари Сен Жермен. Тој пристигнува на позајмица до крајот на сезоната.
Тимот од Бирмингем ќе ја покрие целата плата на 29-годишниот Шпанец, а во договорот нема опција за откуп.
Асенсио трипати ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид и има 38 натпревари за шпанската репрезентација.
Неговото доаѓање означува силен ден на трансфер пазарот за Астон Вила, која претходно денеска го објави потписот со Маркус Рашфорд. И фудбалерот на Манчестер Јунајтед пристигна на позајмица до крајот на сезоната. дс
Фото: Астон Вила