• сабота, 23 ноември 2024

Астероид ќе мине покрај Земјата во август

Астероид ќе мине покрај Земјата во август
Санкт Петербург, 29 јули 2020 (МИА) - Астероидот „2009 Пи-кју-1“ ќе мине крај Земјата во август, но не претставува опасност за нашата планета, нагласи рускиот астрофизичар Јури Балега. Потпретседателот на Руската академија на науки, исто така, изјави дека друг астероид ќе мине блиску до Земјата во април 2029 година, но ни тој, најверојатно, нема да ја загрози нашата планета, иако сѐ уште постојат теоретски можности за тоа. Станува збор за астероидот „Апофис“, што за луѓето ќе биде видлив со голо око. - Наредниот потенцијално опасен астероид за Земјата се очекува 2036 година, но и таа можност е близу до нула, или 1:100.000, рече тој. Во овој миг човекот нема средства да спречи астероид да ја погоди Земјата, како што рече Балега. Научниците работат на тоа и разгледуваат повеќе различни опции.  си/сд/

Остани поврзан