• вторник, 24 декември 2024

АСО додели награди на ученици за цртежи и творби по повод деновите на финансиска писменост

АСО додели награди на ученици за цртежи и творби по повод деновите на финансиска писменост
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) награди девет ученици и издаде пофалници на уште 27 основци и средношколци кои креираа цртежи, есеи и песни на теми поврзани со значењето на осигурувањето. Со овој настан АСО ги започна активностите по повод седмицата на финансиска писменост, а воедно успешно го реализираше јубилејниот односно десетти по ред Конкурс за избор на теми по повод 1 ноември – Денот на осигурувањето. - На темите „осигурувањето ме заштитува од ризици“, „моја инвестиција – полиса за осигурување“ и „осигурувањето е моја финансиска сигурност“ годинава АСО доби повеќе од 80 трудови од ученици од десетина градови и населени места ширум земјава, наведуваат од АСО. По тој повод Крсте Шајноски, претседател на Советот на екпперти на АСО ги доделил наградите и признанијата на учениците и ученичките од основните и од средните училишта. Шајноски се заблагодарил на сите пристигнати творби и им порачал на децата дека тие сега се партнери на АСО во ширењето на финансиската писменост и во активностите за подигање на свеста за значењето на осигурувањето како за индивудуата така и за целото општество. Со овој настан АСО ги започна активностите со кои се одбележуваат деновите на финансиска писменост кои ги организираат сите регулаторни тела од областа на финансиите (Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување – АСО и Агенцијата за супервизија на капитално-финансирано пензиско осиурување МАПАС). - АСО во рамки на своите активности од почетокот на ноември има посети училишта во кои преку соодветни форми ќе едуцира ученици за значењето на осигурувањето, учество на ТВ емисија од едукативен формат, а ќе публикува и содржини на социјалните мрежи со изразена едукативна компонента за атрубитите на осигурителните производи и за заштитата на правата на осигурениците, се вели во соопштението. мс/нд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан