• петок, 27 декември 2024

Асоцијација Алзас од Франција обезбеди донација за неколку установи во Берово

Асоцијација Алзас од Франција обезбеди донација за неколку установи во Берово
Берово, 1 април 2021 (МИА) - Асоцијација Алзас од Франција ќе донира медицинска опрема за неколку установи во Берово. Од општината информираат дека активноста е дел од соработката со хуманистот Жак Шлеф благодарение на кој е обезбедена донација за Здравствен дом Берово и Домот за стари лица д-р Иван Влашки. -Камионот со медицинска опрема тргна од Франција, а се очекува до крајот на неделата, или најдоцна почетокот на наредната, донираната стока да пристигне во Берово. Донацијата се состои од рентген машина за снимање на заби,  различни помагала, колички, душеци и друг вид медицинска опрема, информираа од Општината. Голема благодарност за донацијата, упати и градоначалникот Звонко Пекевски кој очекува со неа да се унапредат услугите кои овие институции ги пружаат кон граѓаните. -Ова ќе значи унапредување на општинските услуги, а корисниците на услугите во Домот за стари лица, во Берово, ќе добијат уште подобар третман, додаде Пекевски. Од општината воедно информираа дека реконструкцијата на Третата ламела во Домот за стари лица е завршен со што ќе се овозможи проширување на капацитетите на установата за 10 нови корисници. вс/вј/

Остани поврзан