Артета сака Арсенал да го повтори настапот од натпреварот на ПСВ против Манчестер Јунајтед
- Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе се обиде да направи се што е во негова моќ за тимот да го повтори настапот од убедливата победа против ПСВ Ајндховен во дербито со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во недела

Лондон, 7 март 2025 (МИА) - Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе се обиде да направи се што е во негова моќ за тимот да го повтори настапот од убедливата победа против ПСВ Ајндховен во дербито со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во недела.
-Очигледно е дека тоа беше одлична вечер за нас (натпреварот со ПСВ). Лигата на шампионите е важен турнир и ние се надеваме на неа. Начинот на кој го направивме тоа им даде поттик на сите. Но, тоа, за жал, сега е во минатото. Сега е важно што правиме за да се подготвиме за следниот натпревар. Мора да се обидеме да го повториме овој настап повторно во недела, изјави денеска на прес-конференција Шпанецот.
Натпреварот против Манчестер Јунајтед ќе биде 200-ти за Артета како менаџер на Арсенал. Запрашан кои се неговите три омилени моменти во овој период, Шпанецот одговори: „Тие поминаа премногу брзо. Веројатно број 1 е моментот кога седна овде на мојот прв ден како менаџер на тимот. Има многу други. Вечерта пред неколку дена е меѓу најдобрите поради начинот на кој ја постигнавме таа победа. И секако трофејот од ФА Купот“. дс
Фото: Архива