Артета: Жезус брза да се врати на теренот, но треба да бидеме внимателни
- Тренерот на Арсенал, Микел Артета е претпазлив околу прогнозите за времето на закрепнување на напаѓачот на „Топџиите“, Габриел Жесус.

Лондон, 1 ноември 2023 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета е претпазлив околу прогнозите за времето на закрепнување на напаѓачот на „Топџиите“, Габриел Жесус.
- Нема да дадам временска рамка за закрепнувањето на Габриел Жесус бидејќи го направив тоа еднаш и се покажа дека е сосема погрешно. Треба да бидеме внимателни. Тој брза со сите и сака да се врати што е можно побрзо, но мора целосно за заздрави, го цитира Артета, новинарот Фабрицио Романо.
Дваесет и шестгодишниот Бразилец се повреди на натпреварот против Шефилд Јунајтед (5:0) во 10. коло од Премиер лигата.
Оваа сезона Жесус одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и направи една асистенција. зс/
Фото: ЕПА