• петок, 21 февруари 2025

Артета: Важно е што се уште сме во борба за титулата

Артета: Важно е што се уште сме во борба за титулата

Лондон, 16 февруари 2025 (МИА) - Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, победата од 2:0 над Лестер во 25. коло од англиската Премиер лига ја оцени како важна.

-Моравме да дадеме таква изјава, во позадина на разговорите за повредените, дека се уште сме во борба за титулата. Во првото полувреме ни недостигаше острина, а исто така делувавме неконзистентно во некои моменти, особено кога игравме со топка. Во вториот дел ја контролиравме ситуацијата и успеавме да победиме, изјави Артета. дс

Фото: Архива

Остани поврзан