• петок, 27 декември 2024

Арсовски: Почеток на пристапниот процес со Северна Македонија и со Албанија е единствена опција за обезбедување стабилност на регионот

Арсовски: Почеток на пристапниот процес со Северна Македонија и со Албанија е единствена опција за обезбедување стабилност на регионот
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - Во однос на идејата за раздвојување на Северна Македонија и Албанија во евроитеграцискиот процес, позицијата на Европската комисија е да бидат усвоени преговарачките рамки и да се одржат меѓувладините конференции со двете земји, изјави денеска портпаролот на Владата, Душко Арсовски. - Ова е процес заснован на заслуги, и двете земји спроведоа сериозни реформи, затоа почетокот на пристапниот процес со Северна Македонија и Албанија е најдобрата и според нас единствена опција во интерес на обезбедувањето на перспективата и стабилноста на целиот регион, истакна Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за идејата на албанскиот премиер Еди Рама за одделување на Северна Македонија од Албанија во процесот на пристапните преговори со ЕУ. Арсовски додаде дека земјава ги спроведе сите реформи, исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство, за што впрочем и има одлука за почеток на преговорите уште во 2020 година, како и коснтруктивен однос од наша страна за сите различни идеи и предлози за изнаоѓање решенија. Прашан во однос на барањето на пратеници од опозицијата, премиерот Димитар Ковачевски да биде ислушан во Комисијата за надворешна политика за дијалогот со Софија, Арсовски рече дека кога ќе има заеднички прифатлив договор за отворените прашање сите ќе бидат запознаени. - Владата е максимално фокусирана кон изнаоѓање решение во интензивната комуникација што ја водат двете МНР-а, и на Северна Македонија и на Бугарија. Во моментот кога ќе имаме заеднички прифатлив договор за отворените прашања ќе бидат запознаени сите чинители во државата, додаде Арсовски. мс/сп/ https://www.youtube.com/watch?v=wxGwomBsFEY

Остани поврзан