• среда, 25 декември 2024

Арсовски: Владата повторно доцни со мерките

Арсовски: Владата повторно доцни со мерките
Скопје, 16 март 2022 Имаме Влада во Република Македонија која што секогаш за се доцни по неколку месеци. По серијата пресови кои што ги одржав токму од оваа говорница во името на ВМРО-ДПМНЕ за непродуктивни трошоци изминативе неколку денови да апелираме до јавноста дека во време на криза кога знаела Владата дека ќе има сериозна економска криза заедно со институциите, трошеле пари за луксуз, Владата вчера излезе со смешни и задоцнети мерки небаре преставувајќи ги дека тие ќе је спречат економскава криза кај граѓаните. Поттикнати од лошите реакции на јавноста за трошењето на над 2 милиони евра за само неколку месеци на непродуктивни трошоци и тоа за луксузирање на нивните министри и функционери, вчера замислете, Ковачевски се пофали дека забранил да се набавува мебел за институциите на Владата. Забранил да се набавува мебел. Ковачевски, повторно доцни со мерките, како и со се останато. Џабе им се мерките за забрана за набавка на мебел, од едноставна причина доколку не знае Ковачевски, еве ќе му кажеме јавно да не биде неподготвен, бидејќи институциите веќе си набавија мебел од стотици илјади евра изминативе неколку месеци откако знаеле и институциите и Владата дека ќе има сериозна економска криза која што ќе се одрази на живеењето на граѓаните. Повторно Ковачевски доцни. Имено, МВР изминатиов период откако знаеле дека ќе има економска криза, наместо да прекинат со такви постапки за непродуктивни трошоци, набавиле мебел во вредност од 250.000 евра, внимавајте 250.000 евра или 15.400.000 денари набавка на мебел во министерството за внатрешни работи. Ако ова не е смеење на Владата кон граѓаните во лице, не знам што друго. Секретаријат за европски прашања, каде што од пред неколку месеци е Бојан Маричиќ, си набавил мебел и услуги за перење автомобили во вредност од 700.000 денари. Бујар Османи, министерството за надворешни работи набавил мебел изминативе неколку месеци откако знаеле дека ќе има економска криза, во вредност од над 20.000 евра или 1.370.000 денари, само за мебел, само за луксузот на Бујар Османи во зградата на министерството за надворешни работи. За кое што сите знаеме дека таа зграда е неколку години, и е буквално опремена со се што е потребно за функционирање и работење од страна на вработените пропратено со мебелот кој што им е неопходен и потребен. Дополнително Љупчо Николовски во министерството за земјоделие иако знаел дека ќе има криза наместо да им помага на земјоделците, тој си набавил услуги за перење на автомобили во висина од 470.000 денари. Тоа се над 2.000 перења на коли годишно. Само за мебел изминативе неколку месеци Владата потрошила околу 300.000 евра кои што нормално можеле да се искористат за многу други работи и да им се помогне на граѓаните. Поважно на оваа Влада, на овие функционери им е да седат во удобни фотелји и да се возат во секојдневно перени автомобили, отколку да им помогнат на граѓаните, да им помогнат на најранливите категории, да им помогнат на земјоделците и сите останати. Очигледно е, оваа Влада и новиот премиер Ковачевски, кој што е само една бледа копија и сенка на Зоран Заев, ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните, носат мерки против набавка на мебел, а всушност веќе набавиле мебел. Класична задоцнета реакција, каде што Владата им се смее во лице на граѓаните.

***

Се што треба да знаат граѓаните за Република Македонија и за оваа влада,  една непосточека фирма со сите пропратни фалсификувани документи да земе околу 90 тендери за лифтови во државните институции, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот кој вчера излезе во јавноста во однос на набавка и сервисирање на лифтови во државни институции од непостоечка фирма.

Арсовски истакна дека владата треба да излезе и да каже која е таа фирма.

- Зошто ја кријат, зошто ја држат во тајност, зошто молчат? Непостоечка фирма сервисирала лифтови, аплицирала на тендери во сериозн и институции како медицински установи и притоа може да му се случи на некој од пациентите, може да настрада некој бидејќи не знаеме дали таа фирма правилно ги направила работите околу лифтовите, нагласи Арсовски.

Тој потенцираше дека тоа е се заради неспособноста на оваа влада, затоа што пред доаѓањето на СДСМ не сме слушнале дека имало непостоечка фирма што земала тендери.

- Но, откако дојде СДСМ бидејќи се им е сведено на бизнис на тендери во 4 очи, криминал и корупција, сега гледаме дека над 90 тендери земала непостоечка фирма. Треба да се види кој се е вмешан, а владата јавно да каже која е таа фирма, кој ја помагал затоа што морало некој од власта да ја помага и ова е сериозен скандал.  Доаѓа фирма што не постои и зема милионски профит, рече Арсовски.

Прес- конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ https://www.youtube.com/watch?v=O0Kkywe327c ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан