• среда, 25 декември 2024

Арсовска со граѓаните на Топаaна: Се обврзувам на брзи и ефикасни решенија за надминување на затекнатите состојби

Арсовска со граѓаните на Топаaна: Се обврзувам на брзи и ефикасни решенија за надминување на затекнатите состојби
Скопје, 11 октомври 2021 (МИА) - Асфалтирање на сите улици и олеснување на пристапот до своите домови, реконструкција на водоводната мрежа, решавање на проблемот со канализација, која во моментов се излева по улиците во скопската населба Топаaна и овозможување на чиста и здрава животна средина, се дел од клучните барања за кои тамошните жители бараат итни решенија, а ги истакнаа денеска на средбата со независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. - Зошто во населба Топаана, која се наоѓа во близина на централното градско подрачје, денес се уште нема соодветна водоводна мрежа, канализација и граѓаните газат по кал на улиците, а детското игралиште е претворено во дива депонија која никој не ја чисти, се прашања на кое треба да одговорат градските власти кои ги заборавија овие граѓани и воедно, им немаат овозможено основни услови за живот. Додека во еден дел од градот нерамномерно се вложува, некои делови на Скопје се заборавени и се соочуваат со проблеми кои треба да бидат заборавени во минатиот век, рече Арсовска на средбата со граѓани во Топаана. Нагласи дека се обврзува на решавање на сите овие проблеми со брзи и ефикасни решенија кои, како што рече, ќе значат конечно надминување на затекнатите состојби. - Скопје повеќе нема да биде град на заборавени населби и секој еден граѓанин ќе ги добие потребните услови за достоен живот во едно современо Скопје, како што заслужуваме сите, истакна Арсовска. мс/рп/

Остани поврзан