• петок, 20 декември 2024

Арсовска: Покана за присуство на конвенцијата беше пратена до сите

Арсовска: Покана за присуство на конвенцијата беше пратена до сите

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со присуството на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ на конвенцијата на која таа беше промовирана како нов претседател на Нова Алтернатива, посочи дека покана била пратена до сите политички партии.

-Покана за присуство на конвенцијата беше пратена до сите политички партии, што е и досегашна пракса. Да дојдеше и секретарот на ВМРО-ДПМНЕ ќе седеше во првиот ред, рече вечерва Арсовска во нејзиното гостување во „Само Интервју“ на Канал 5.

Арсовска рече дека во „Нова алтернатива“ ќе има спој на луѓе со кои планираат да ги спојат искуството и енергијата, а кои не биле дел од политиката.

- Ќе се залагаме за правда, правичност, економски просперитет и борба со корупцијата, рече Арсовска.

Во делот на надлежностите како градоначалничка, Арсовска информираше дека Град Скопје поднел кривични пријави во МВР против неколку лица во врска со голема дива депонија во општина Ѓорче Петров и посочи оти очекува ограните да постапуваат по пријавата. бт/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан