• вторник, 24 декември 2024

Арсовска: Позитивните искуства ќе придонесат за имплементација на подобри политики во интерес на граѓаните

Арсовска: Позитивните искуства ќе придонесат за имплементација на подобри политики во интерес на граѓаните
Скопје, 1 јуни 2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска учествуваше и се обрати пред присутните на првиот Меѓународен форум за градоначалници што се одржа во  просториите на  Универзитетот за туризам и менаџмент. -  Градот Скопје континуирано работи на зголемување на своите капацитетите за да им овозможи подобри услови за живот на своите граѓани.  Преку  следење на актуелните трендови во европските метрополи и политиките коишто тие ги спроведуваат на локално ниво се настојува дел од тие практики да се имплементираат и во Скопје. Главните области на кои посветено работиме се дигитализација, заштитата на животната средина, подобрување на јавната чистота, како и имплементација на проекти за енергетската ефикасност затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во поубав град. На денешната дискусија се разменуваат искуства и добри практики коишто и кои можат да се применат за добро на граѓаните - рече Арсовска. Арсовска им се заблагодари на присутните градоначалници и претставници од европските градови, како меѓународните експерти со желба за унапредување на соработката со Градот Скопје, како и развој на можности за пренос на нови знаења и позитивни практитки кои ќе бидат од корист за подобрување на условите на граѓаните и нивното функционирање. На овој  Меѓународен форум за градоначалници  на тема „Модерна општина“  учесниците ќе ги разменат своите искуства, знаења и мислења  со цел да се  подобрат  перформансите  и капацитетите на општините за поуспешно да се справат со  современите предизвици. На овој форум што се одржува во Скопје, учествуваат голем број домашни градоначалници, реномирани експерти и градоначалници од европски и од светски метрополи. На  темата „Модерна општина“ ќе се обратат Жан Ив Ками, специјалист по меѓународни односи и Специјален советник на градоначалникот на Париз, проф.д-р Карол Јанас, Градоначалник на општина Поважска Бистрица во Република Словачка, г-дин Цвика Брот, Градоначалник на општина Бат Јам во Израел и Советник на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Андријана Цветковиќ, прв резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија и Директор на Северна Азија на The Economist Group. Одделение за односи со јавноста на Град Скопје ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан