• сабота, 23 ноември 2024

Арсовска изврши увид во реконструкција на водоводна мрежа во Горно Лисиче

Арсовска изврши увид во реконструкција на водоводна мрежа во Горно Лисиче

Скопје, 4 мај 2024

Град Скопје продолжува со реализација на проекти за темелно подобрување на водоснабдувањето на граѓаните. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заедно со претставници од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ и Секторот за планирање и уредување, изврши увид на градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Лисец во Горно Лисиче.

Со оваа реконструкција на водоводната мрежа се врши двојно зголемување на профилот на водоводните цевки во должна од 500 метри, која претходно беше со незадоволителен профил за квалитетно водоснабдување за жителите на тој потег.

Со реализација на овој проект за водоводна мрежа, се реализира барањето на жителите кои што досега се соочуваа со чести прекини заради појава на дефекти на старата водоводна мрежа. Изведбата на овој проект претставува дел од програмата “За модерно Скопје”, за обновување и подобрување на градската водоводна мрежа.

Град Скопје

Фото: Фејсбук

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан