• сабота, 23 ноември 2024

Арсовска: Градот Скопје овозможува поддршка со доделување електромоторни погони за инвалидски колички 

Арсовска: Градот Скопје овозможува поддршка со доделување електромоторни погони за инвалидски колички 
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - Проектот „Мобилна личност успешна индивидуа” и динамиката на неговата реализацијата беа во фокусот на работниот состанок помеѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и претседателот и претставници на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје „Мобилност“, информираат од Град Скопје. - Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да се стекнат со мобилност која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите, истакнала Арсовска, пренесуваат од Град Скопје. Дополнуваат дека во рамки на проектот со формирање на Комисија и објава на јавен повик ќе се доделуваат додатоци на електромоторни погони за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет. ар/ац/

Остани поврзан