• вторник, 24 декември 2024

Арсенал преговара со Реал за Себаљос

Арсенал преговара со Реал за Себаљос
Лондон, 3 јули 2020 (МИА) - Менаџерот на Арсенал, Микел Артета потврди дека неговиот клуб е во преговори со Реал Мадрид за да го задржи Дани Себаљос на „Емирати“. „Топџиите“ неодамна го продолжија договорот на Себаљос до крајот на оваа сезона, но договорот не вклучува клаузула за откуп. Себаљос се очекуваше да се врати во Мадрид на крајот на јули, но по серијата силни натпревари, Артета инсистираше играчот од средниот ред да остане во тимот. - Двата клуба имаат дијалог. Навистина ми се допаѓа Дани и она што тој му го дава на тимот. Кога дојдов тука, тој не беше достапен поради сериозна повреда, но тој добро разбира што се обидуваме да направиме. Дани има силен карактер да игра и да ја добие топката во секој дел од теренот. Ни обезбедува она што треба, за да ја контролираме играта, вклучително и без топка во нозе. Тој трча, се бори, демонстрира желба да ја земе топката и да му помогне на тимот. Тој напредува и во моментот изгледа како многу добар играч, изјави Артета за „Ивнинг стандард“.

Тагови

Остани поврзан