• среда, 04 февруари 2026

Арсенал прв финалист во Лига купот на Англија

Арсенал прв финалист во Лига купот на Англија

Лондон, 4 февруари 2026 (МИА) - Арсенал е првиот финалист во Лига Купот на Англија.

„Топчиите“ синоќа го победија Челзи со 1:0 дома во реваншот од полуфиналето на ова натпреварување.

Поранешниот фудбалер на Челзи, Каи Хаверц, го постигна единствениот гол во 90+7 минута.

Првиот натпревар заврши исто така со победа на Арсенал (3:2). Така, тимот предводен од тренерот Микел Артета се пласираше во финалето.

Вториот финалист ќе биде познат вечер по одигрување на реваншот меѓу Манчестер сити и Њукасл. Првиот натпревар заврши со победа од 2:0 за „Граѓаните“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан