• сабота, 06 декември 2025

Арсенал планира да го ангажира Лерој Сане

Арсенал планира да го ангажира Лерој Сане

Лондон, 29 мај 2025 (МИА) - Арсенал е заинтересиран за потписот на фудбалерот од средниот ред на Баерн, Лерој Сане, пишува „The Times“.

Германскиот репрезентативец е подготвен да се врати во Премиер лигата каде претходно настапуваше за Манчестер сити. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, работеше со Сане кога тој беше дел од стручниот штаб на Хосеп Гвардиола во Сити.

Дваесет и деветгодишниот играч од средниот ред одигра 45 натпревари за Баерн во сите натпреварувања во сезоната 2024/25, постигнувајќи 13 гола и шест асистенции.

Актуелниот договор на Сане со германскиот клуб е до јуни 2025 година. 

Transfermarkt“ ја проценува вредноста на трансферот на играчот на 38 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан