• среда, 27 ноември 2024

Арсенал нема да го земе Мари - не им се плаќа 9 милиони евра

Арсенал нема да го земе Мари - не им се плаќа 9 милиони евра
Лондон, 27 јануари 2020 (МИА) - На социјалните мрежи и во медиумите се појавија различни информации за тоа зошто трансферот на дефанзивецот Пабло Мари во Арсенал е пред неуспех. Шпанецот пристигна во Лондон во текот на викендот и беше подложен на лекарски прегледи, но не постои договор за фудбалерот меѓу двата клуба. Според повеќе извори, причината е тоа што Арсенал не е подготвен да ги плати потребните 9 милиони евра за играчот на Фламенго. Другите медиуми, сепак, веруваат дека Фламенго не сака да го пушти Мари и тоа го спречува договорот откако Арсенал сака да го преземе дефанзивецот. Бразилскиот клуб му дозволи на својот фудбалер да ги забрза сите работи околу неговиот договор, откако на „збор“ двата клуба се разбраа за износот на трансферот и за бонусите, но конечно стана јасно дека „топџиите“ ги промениле своите барања, што довело до откажување од страна на Фламенго.

Остани поврзан