• четврток, 26 септември 2024

Арсенал има намера да го ангажира Влаховиќ следното лето

Арсенал има намера да го ангажира Влаховиќ следното лето

Лондон, 25 септември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ може да ја продолжи кариерата во Англија, пренесува „Teamtalk“.

Арсенал е сериозно заинтересиран за 24-годишниот Србин. Лондончани имаат намера да го реализираат трансферот следното лето.

Сезонава Влаховиќ одигра шест натпревари на кои постигна два гола и една асистенција. 

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 65 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан