• четврток, 26 декември 2024

Армани ги преместува работните простории од Париз во Милано

Армани ги преместува работните простории од Париз во Милано
Милано, 8 мај 2020 (МИА) - Светски познатиот моден креатор Џорџо Армани одлучи работните простории на својата куќа на високата мода во Париз да ги премести во Милано, Италија. Седиштето на модната куќа е во француската престолнина од 2005 година, а отсега тие ќе ги претставуваат новите колекции во историската Палата Орсини во Милано. Претставувањето во блиска  иднина   „нема да биде сезонско”, истакнува Армани. Дизајнерот веќе откри и дека машките и женските колекции на Џорџо и Емпорио Армани ќе бидат претставени в септември, во Милано.  си/

Остани поврзан