• среда, 25 декември 2024

Аријанит Хоџа и пратеникот Басри Бајрами формираат нова политичка формација

Аријанит Хоџа и пратеникот Басри Бајрами формираат нова политичка формација

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Аријанит Хоџа, кој беше заменик претседател на Движењето БЕСА и поранешен министер и пратеникот Басри Бајрами денеска на прес-конференција информираа дека ќе формираат нова политичка партија. 

Хоџа на прес-конференција соопшти дека почнувајќи од денеска тој и повеќемина негови сопартијци од денеска ќе функционираат како посебна политичка формација и оти ги отвораат вратите за сите оние кои сакаат да станат дел од овој политички проект. 

-Ние сме организирана структура која во периодот пред нас ќе работи во полн обем и јасна политичка артикулација и јасна визија за иднината на граѓаните и државата. Имајќи предвид дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација во која се одлучува за европската иднина ќе се однесуваме со внимание сериозност и посветеност да придонесеме преку нашиот претставник во Собранието за што поскоро да се случат уставните измени и да се пристапи кон отворање на патот за членство во ЕУ. Нормално би било многу подобро заради меѓуетничката кохезија во предлогот на уставните измени да се предлагаше и корекција на терминот 20 отсто во однос на албанскиот јазик но за тоа одговорност сноси поднесувачот на предлогот, рече Хоџа.

Исто како пред неколку дена тој денеска се огради од, како што кажа, таканаречениот опозициски блок на Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши. ев/ац/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан