• среда, 27 ноември 2024

Арестович: Итна истрага поради наводно злоставување на заробеници

Арестович: Итна истрага поради наводно злоставување на заробеници
Киев, 28 март 2022 (МИА) - Советникот на украинскиот претседател Алексиј Арестович вети итна истрага по појавувањето на видео на кое се гледа како украински војници пукаат во колената на мажи, кои очигледно се руски заробеници. - Владата ова го сфаќа многу сериозно и ќе се спроведе итна истрага. Ние сме европска армија и не ги исмеваме нашите затвореници. Ако ова се покаже како точно, тоа е апсолутно неприфатливо однесување, нагласи Арестович. Тој истакна дека Украина ги третира затворениците во согласност со Женевската конвенција. Си-Ен-Ен побара коментар од украинското Министерство за одбрана. - Со цел да ги дискредитира украинските одбранбени сили, непријателот снима и дистрибуира монтирани видеа кои го покажуваат нехуманиот третман на наводните „украински војници“ кон руските затвореници. Нагласувам дека војниците на вооружените сили на Украина и другите легитимни воени формации строго се придржуваат до нормите на меѓународното хуманитарно право, изјави началникот на украинските вооружени сили Валери Залужни. ми/

Остани поврзан