• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Аргентински репрезентативци го убедуваат Енцо Фернандез да го замени Челси за Атлетико

Аргентински репрезентативци го убедуваат Енцо Фернандез да го замени Челси за Атлетико

Мадрид, 27 март 2025 (МИА) - Соиграчите на Енцо Фернандез во аргентинската репрезентација - Јулијан Алварез, Родриго де Пол, Анхел Кореа и Науел Молина спровеле многу сериозна кампања за да го убедат играчот од средниот ред да ја преиспита својата ситуација и да се приклучи на Атлетико Мадрид ова лето, тврди „Диарио АС“. 

Фернандез (24) им се приклучи на „сините“ за 106 милиони фунти пред две години, но неговите перформанси беа променливи, иако тој значително се подобри оваа сезона. Сепак, тој е врзан за тимот од „Стемфорд Бриџ“ до летото 2031 година и неговото евентуално заминување од Челси нема да биде лесно, а „сините“ би сакале многу сериозна сума за да го пуштат во Мадрид.

Сепак, бројни клубови пројавија интерес за него и ја следат ситуацијата околу играчот и неговата можна склоност да ја напушти англиската престолнина. Токму поради оваа причина, колегите на Енцо Фернандез, кои го носат дресот на Атлетико, се обиделе заедно и одделно да влијаат на неговата одлука и да го натераат сериозно да ја сфати можноста да им се придружи во шпанската престолнина. 

Сепак, шпанското издание додава дека самиот играч моментално е задоволен од својот престој во Челси и нема намера да презема никакви обврски во врска со својата иднина, но во исто време ги држи отворени своите опции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан