• сабота, 27 јули 2024

Аргентина на пенали преку Колумбија до финалето во Купот на Америка

Аргентина на пенали преку Колумбија до финалето во Купот на Америка
Бразилија, 7 јули 2021 (МИА) - Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Бразилија ја победи Колумбија во второто полуфинале од Купот на Америка. Победникот беше решен по изведувањето пенали, откако основните 90 минути завршија без победник 1:1. Најпрво резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 7. минута по асистенција од Лионел Меси, изедначи Луис Дијаз по еден час игра. Во пенал-серијата Аргентинците постигнаа три гола, Колумбијците - два. Аргентина во финалето на 11 јули ќе се соочи со домаќинот на турнирот Бразил, додека ден претходно, Колумбија за третото место ќе игра со Перу. зс/

Остани поврзан