• понеделник, 16 декември 2024

Араухо може да пропушти два месеца, дефанзивецот на Барселона се повреди на Копа Америка

Араухо може да пропушти два месеца, дефанзивецот на Барселона се повреди на Копа Америка

Барселона, 8 јули 2024 (МИА) - Роналд Араухо би можел да пропушти до два месеци поради повреда на бутниот мускул.

Фудбалерот на Барселона беше заменет во 33. минута од четвртфиналниот натпревар од Копа Америка со Бразил (0:0, 4:2 на пенали) поради повреда на задната ложа и во солзи го напушти теренот.

-Областа е сè уште воспалена, така што нема смисла да се спроведе потемелен лекарски преглед, изјави лекарот на репрезентацијата на Уругвај.

Се известува и дека закрепнувањето на Араухо од оваа повреда би можело да потрае и до 8 недели. Фудбалерот ќе го пропушти почетокот на претсезонските подготовки со Барселона, кои започнуваат на 10 јули.

Дополнително, доколку се потврдат медицинските прогнози, 25-годишниот дефанзивец ќе ги пропушти првите кола од Ла Лига во август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан