• среда, 27 ноември 2024

Арапската лига бара итен прекин на воените операции во Појасот Газа

Арапската лига бара итен прекин на воените операции во Појасот Газа

Багдад, 16 октомври 2023 (МИА) - Шефот на Арапската лига Ахмед Абул Геит денеска побара „итен прекин на воените операции“ во Појасот Газа и воспоставување „безбедни коридори“ за помош на палестинското население, на десеттиот ден од војната меѓу Израел и Хамас, 

- Бараме итен прекин на воените операции и отворање на коридори за безбедно преминување со цел да се донесе помош за населението, рече генералниот секретар Ахмед Абул Геит за време на состанокот со арапските министри за правда во Багдад. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан