Апсења во Мелбурн поради протести против карантинските мерки
- Полицијата во австралиската држава Викторија уапси неколку лица поради протест против карантинските мерки воведени во градот Мелбурн поради пандемијата на коронавирусот.

Мелбурн, 5 септември 2020 (МИА) - Полицијата во австралиската држава Викторија уапси неколку лица поради протест против карантинските мерки воведени во градот Мелбурн поради пандемијата на коронавирусот.
Рестриктивните мерки во Мелбурн вклучуваат и ноќен полициски час.
На протестите учествуваа околу 300 лица, а четворица мажи беа уапсени за поттикнување демонстрации планирани на повеќе локации во градот, додека подоцна, за време на протестите, имаше апсења на демонстранти, вклучително и за неносење заштитна маска за лице.
Викторија е најтешко погодена земја во Австралија кога станува збор за пандемијата, а според последните податоци евидентирани се уште 76 случаи на зараза и 11 нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а вкупниот црн биланс на пандемијата во Австралија достигна 748. паг/
