„Априлијада“ во Кавадарци
- По повод денот на шегата, денеска во Кавадарци се одржа традиционалната манифестација „Априлијада“.

Кавадарци, 1 април 2022 (МИА) - По повод денот на шегата, денеска во Кавадарци се одржа традиционалната манифестација „Априлијада“.
- Со свои креации, маски и шарена облека учествуваа децата од предшколска возраст од сите клонови на градинката „Рада Поцева“ Кавадарци, како и учениците од нижите одделенија од сите основни училишта од кавадаречка општина, појаснија организаторите, Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ и локалната самоуправа.
Дефилето со учесниците започна на кружниот тек кај новата автобуска станица, продолжи по улицата „Илинденска“ и заврши на градскиот плоштад Кавадарци. свд/мс/
