• сабота, 14 февруари 2026

Апел од РСБСП за одговорно учество во сообраќајот на празникот на виното и љубовта

Апел од РСБСП за одговорно учество во сообраќајот на празникот на виното и љубовта

Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) утрово упатија апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на виното и љубовта, 14 Февруари - Свети Трифун и Денот на вљубените.

- Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но вистинското прославување е она по што сите безбедно се враќаме дома. Затоа не дозволувајте момент на невнимание да ја засени убавината на празникот - посочија од РСБСП.

Од РСБСП порачаа доколку се пие алкохол - да не се седнува зад волан. Наместо тоа, да се избере јавен превоз, такси или возач што не пие алкохол.

- Возете внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Сакајте и почитувајте го својот и животот на другите - затоа што секој живот е важен - нагласија од РСБСП. бд/са/

Фото: РСБСП

Остани поврзан