• недела, 23 февруари 2025

Апел до граѓаните на Општина Центар да пријават евентуален проблем со јавната чистота

Апел до граѓаните на Општина Центар да пријават евентуален проблем со јавната чистота

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги повикуваат граѓаните доколку имаат проблем со јавната чистота или кастрењето на дрвја во нивното маало тоа да го пријават.

Пријавувањето, како што информираат од Општина Центар, може да се направи на мрежите Вибер или Ватс ап или телефонски на телефонскиот број 076 350 767 со праќање на фотографии со цел увид на точната локација и проблемот кој го посочуваат.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека Општина Центар и ЈП „ПОЦ“ се секојдневно на терен и ја одржуваат чистотата на градот, но поради можни пропусти смета дека овој начин на комуникација ќе биде брз и ефикасен во решавањето на потребите на граѓаните.

Од Општина Центар известуваат дека од минатата недела цистерната на ПОЦ започна секој ден да ги мие улиците и контејнерите наутро и попладне со цел да ја отстрани непријатна миризба околу контејнерите и да ги освежи улиците од насобрана прашина. Во општината, како што најавија,  службите продолжуваат и со чистење на детските игралишта. сан/дма/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан