Анчелоти: Немам намера да го напуштам Реал
Мадрид, 21 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги демантираше гласините дека ќе го напушти мадридскиот тим на крајот на сезоната.
Италијанецот истакна дека би сакал да остане во клубот до крајот на мандатот на Флорентино Перез како претседател на „кралскиот клуб“.
- Сакам да разјаснам нешто. Нема да донесам одлука за заминување од Реал Мадрид. Не е на мене да одлучувам, туку на клубот. Дефинитивно не планирам да го напуштам Мадрид - се надевам дека ќе останам со Перез до 2029 година. Би било убаво да заминам со Фло по четири години и да имам големо збогување со клубот, изјави Анчелоти, новинарот Фабрицио Романо.
Договорот на Анчелоти со Реал е до летото 2026 година. Италијанецот е главен тренер на шпанскиот фудбалски великан од јули 2021 година, а претходно го водеше тимот од 2013 до 2015 година. Под негово водство Реал два пати стана шпански шампион, двапати го освои Купот и Суперкупот на Шпанија, а три пати ја освои Лигата на шампионите. зс/
Фото: ЕПА