• сабота, 21 декември 2024

Антиќ доби нов четиригодишен мандат на чело на кошаркарската федерација

Антиќ доби нов четиригодишен мандат на чело на кошаркарската федерација

Скопје, 29 март 2023 (МИА) – Досегашниот претседател на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ, и следните четири години ќе ја извршуваа оваа функција.

 

На денешното Изборно собрание на федерацијата, Антиќ доби 40 гласа, еден делегат гласаше против.

 

Поранешниот македонски репрезентативец, рече дека во вториот свој мандат на чело на федерацијата, ќе работи на создавање што е можно подобри услови за сите генерации, особено за младинските. Исто така најави нов генерален спонзор во македонската лига со што клубовите ќе добијат финансиско олеснување.

 

Токму клубовите на федерацијата и должат околу 200 илјади евра, покажува финансискиот извештај на КФСМ усвоен на денешното Собрание. зс/

Остани поврзан