• среда, 25 декември 2024

Антивладини протести во повеќе градови на јужната сириска провинција Свејда

Антивладини протести во повеќе градови на јужната сириска провинција Свејда

Дамаск, 22 август 2023 (МИА) - Толпа луѓе излегоа на улиците во неколку градови и села во јужната сириска провинција Свејда на протести против новите економски мерки на владата во Дамаск, јавија британските меидуми, повикувајќи се на активисти.

-Народот сака овој режим да падне!, изјави  една голема група демонстранти во Свејда, соопшти „Свејда 24“, активистичка група која ги следи демонстрациите.

Во друг град, едно момче носеше картонска табла на која имаше напишано „зошто го направивте чипсот уште поскап?, во врска со зголемувањето на цените на храната.

Сирија е во тешка економска криза, а националната валута минатата недела падна на рекордни 15.500 сириски фунти за долар. На почетокот на конфликтот пред 12 години, еден долар се менуваше за 47 фунти. За време на конфликтот, Свејда остана под владина власт и во голема мера ги избегна проблемите во остатокот од земјата, а отворените критики на владата се ретки во областите со кои владее режимот на Башар ал-Асад.

Минатата недела во покраината избија антивладини протести поради високите цени на гасот, што доведоа до дополнителни проблеми за семејствата, коли и онака веќе се во незавидна економска состојба.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, организација која ја следи војната, соопшти дека протестите зафатиле 11 градови во провинцијата, при што неколку области целосно ги затвориле владините канцеларии. 

Сириските власти јавно не ги коментираат протестите. Провладиниот дневен весник „Ватан“ денеска објави дека демонстрантите ја нарушиле работата на банките, владините канцеларии и пекарниците. сд/

Остани поврзан