• среда, 27 ноември 2024

Ансу Фати подготвен да ја напушти Барселона

Ансу Фати подготвен да ја напушти Барселона

Барселона, 8 август 2023 (МИА) - Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати не ја отфрли можноста за трансфер во друг тим, соопштува „Relevo“.

 

Претходно 20-годишниот фудбалер сакаше да остане и да се избори за место во почетниот состав, но сега се премисли. Неодамна имаше информации за интерес за него од Ал-Хилал и ПСЖ.

 

Фати е во Барселона од 2012 година. Неговиот актуелен договор е до 2027 година.

 

Во сезоната 2022/23, играчот учествуваше на 36 натпревари во Ла Лига, постигна седум гола четири асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан