• сабота, 23 ноември 2024

Анкета: Само 43 отсто од инвеститорите кои веќе инвестирале во земјава би го направиле тоа повторно по прв пат

Анкета: Само 43 отсто од инвеститорите кои веќе инвестирале во земјава би го направиле тоа повторно по прв пат

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) - Само 43 отсто од странските инвеститори кои веќе инвестирале кај нас би се одлучиле повторно тоа да го направат по првпат во земјава. Како најголема предност за тоа ги истакнуваат ниските даноци  и поволната деловна клима.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата „Бизнис инвестициски индикатор“ што ја спроведе Советот на странски инвеститори во периодот од 20 ноември до 12 декември кај инвеститорите кои вработуваат 38.000 граѓани и во минатава година направиле обрт од 7,7 милијарди евра.

Од нив, како што кажа претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо, 45 отсто го зголемиле нивното производство во 2022 година, 36 отсто го намалиле, а кај 19 отсто останало исто. Дури 37 отсто од нив не се задоволни со постојната инфраструктура, 50 отсто се делумно задоволни, а само 10 отсто се целосно задоволни.

Како најголем проблем го истакнуваат недостатокот на доволно едуцирани кадри, владеењето на правото и правната држава и корупцијата. Од компаниите дури 90 отсто се соочиле проблем да најдат соодветен кадар особено инженерски и технички кадар. За тоа, според нив, главен проблем е емиграцијата,  недоволниот интерес за работа во индустријата и недоволното практично искуство.вј/са/

Фото: МИА

Остани поврзан