• среда, 25 декември 2024

Анкета: Речиси половина од Русите на возраст меѓу 18 и 45 години не сакаат да имаат деца

Анкета: Речиси половина од Русите на возраст меѓу 18 и 45 години не сакаат да имаат деца

Москва, 2 октомври 2020 (МИА) - Речиси половина од Русите на возраст меѓу 18 и 45 години не сакаат да имаат деца, меѓу нив има повеќе жени отколку мажи. 

Според истражувањето на аналитичкиот центар на Националниот центар за финансиски истражувања (НАФИ), 46 проценти од граѓаните не планираат да имаат деца, додека 42 проценти имаат намера. Меѓу оние кои не планираат да имаат деца, има повеќе жени отколку мажи (51 процент во споредба со 41 процент). 

Младите на возраст од 18 до 24 години се најбројната популација која сака деца, според НАФИ. 

Испитаниците отсуството на желба за раѓање деца го објаснија со тешката финансиска состојба (24 проценти), отсуството на партнери (15 проценти), лошите услови за домување (12 проценти). Жените наведоа и проблеми со здравјето, возраста и стравот од губење на можностите за кариера. 

Анкетата е спроведена кон крајот на август и почетокот на септември на примерок од 1.600 луѓе. Статистичката грешка не е поголема од 3,4 проценти, според НАФИ. паг/

Тагови

Остани поврзан