• вторник, 24 декември 2024

Анкета: Демократите водат во Северна Каролина

Анкета: Демократите водат во Северна Каролина
Вашингтон, 14 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден води пред актуелниот претседател Доналд Трамп за четири процентни поени во Северна Каролина, се дознав од анкета на Сиена колеџ и Њујорк тајмс. За Бајден би гласале 46 отсто од анкетираните, додека за Трамп – 42 отсто. Во Северна Каролина веќе имаат гласано преку пошта околу половина милион избирачи, и тоа е државата во која Трамп победи во 2016 година. Од анкетата се дознава и дека републиканскиот сенатор Том Тилс е зад неговиот демократски опонент, Кал Кунингам, со 37 отсто и 41 отсто. На изборите во ноември ќе се гласа и за членови на Конгресот и ќе се избираат и гувернери. Реј Купер, гувернер на Северна Каролина, демократ, е пред неговиот предизвикувач, заменик гувернерот Ден Форест, со 51 проценти наспроти 37 проценти, се дознава од анкетата. Анкетата е одржана во изминатите неколку денови и е со маргинална грешка од 4,5 отсто. кб/гт/

Остани поврзан