• среда, 27 ноември 2024

Анкета во Грција: Нова демократија со осум отсто предност пред СИРИЗА

Анкета во Грција: Нова демократија со осум отсто предност пред СИРИЗА
Атина, 15 јули 2022 (МИА) – Владејачката Нова демократија има осум прценти предност пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, а поделено е мислењето на граѓаните за евентуални предвремени избори, јави дописничката на МИА од Атина. На прашањето кога е најдобро да се одржат предвремени избори, 42 отсто смета во текот на 2022 година, а само пет проценти повеќе, односно 47 отсто одговориле следната година, на крајот од четиригодишниот мандат на Владата. Резултатите покажуваат дека за управувањето со енергетската криза, со надворешната политика и економијата, анкетираните имаат повеќе доверба во актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, во споредба со лидерите на опозициските СИРИЗА и ПАСОК, Алексис Ципрас и Никос Андрулакис. Во однос на грчко- турските односи, одговарајќи на прашањето колку ги загрижува позицијата на Турција, 56 проценти одговориле многу/доста, а само 16 отсто рекле дека не се загрижени. Истражувањето на агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“ било спроведено од 11 до 13 јули 2022 година со анкетирани 1.351 лица со право на глас. ср/

Остани поврзан